Јавно претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО-Неготино е основано со одлука на Советот на Општина Неготино бр.08-60/12 од 24.01.2020 регистрирано во Централниот регистар на Република Сверена Македонија.
Првичната идеја за основањето на претпријатијето беше на системски начин да се реши проблемот со паркирањето на моторни возила во Општина Неготино со определување уредување и управување на паркинг места и паркиралишта и да допридонесе за комуналниот ред.
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО-Неготино поаѓа од целите и интересите утврдени на ниво на Општина, соочувајќи се со недостиг на паркинг простори и решавање на овој проблем внимание ќе се посвети на корисниците на услугите, со посебен осврт на жителите и вработените во централното градско подрачје, кои секојдневно се соочуваат со проблемот на паркирање и непрописно паркирани возила. Јавното претпријатие вршејќи ја основната дејност за која е основано, секогаш има за цел ефективно да ги задоволи потребите на жителите на Општина Неготино решавајќи го проблемот со паркирање во централното градско подрачје.