Skip to main content
Понеделник – Петок 08:00 – 22:00 часот, Сабота 08:00 – 15:00 часот
043/441-114
jpparkinzinegotino@yahoo.com

Политика на приватност

Оваа Политика на приватност ја објаснува нашата практика за собирање, користење и заштита на личните податоци кои ги добиваме преку оваа веб-страница (“jpparkinzinegotino.mk”). Со користење на услугите за плаќање на паркинг казни и аплицирање за повластени паркинг карти, вие се согласувате со условите наведени во оваа политика.

1. Кои податоци ги собираме?

Во зависност од видот на услугата што ја користите, можеме да собираме:

При онлајн плаќање на паркинг казна:

  • Регистарска ознака на возилото
  • Број на казна
  • Е-пошта

При аплицирање за повластена паркинг карта:

  • Име и презиме
  • Е-пошта
  • ЕМБГ
  • Адреса на живеење
  • Број на лична карта
  • Докази за живеалиште, вработеност или друг основ за повластеност

2. Како ги користиме вашите податоци?

Вашите податоци ги користиме за:

  • Потврда и обработка на плаќања за паркинг казни.
  • Административна обработка и одобрување/одбивање на барања за повластени паркинг карти.
  • Комуникација со Вас во врска со услугата за која имате аплицирано или платено.
  • Подобрување на функционалноста и безбедноста на веб-страницата.
  • Почитување на законски обврски.

3. Како ги заштитуваме вашите податоци?

Применуваме технички и организациски мерки за безбедност, вклучувајќи:

  • SSL енкрипција на сите комуникации.
  • Редовно одржување на системот.
  • Ограничен пристап до податоците само за овластен персонал.

4. Кои се вашите права?

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии  лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:

  • Да се информирате од ЈП ПН Неготино околу начинот на обработка на личните податоци вклучително дали  личните податоци се користат согласно целта за која се дадени
  • Корекција на неточни или нецелосни податоци.
  • Барање за бришење на податоците.
  • Ограничување или приговор на обработката на податоци.

За остварување на овие права, контактирајте нѐ на  jpparkinzinegotino@yahoo.com.

5. Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Вашите податоци ги чуваме онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои се собрани или додека тоа е потребно согласно со важечките закони.

6. Споделување на податоци

Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица – обработувачи до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.

7. Измени во Политиката на приватност

Задржуваме право да ја измениме оваа Политика на приватност во било кое време. Поради тоа, Ве молиме  периодично  да ја прегледате Политиката за приватност и да ги прочитате нејзините евентуални измени.