
НАЛОГ ЗА НАПЛАТА
За возилото со регистрација (A), марка (B), затекнато на паркиралиште во зона/подзона (C), запазено во час (D), казнето во час (E), издаден е налог за наплата од износ (F). Налог за наплата Ви е издаден врз основа на Законот за безбедност на сообраќајот на патишта, Законот за комуналните дејности, Одлука за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Неготино и Правилникот за условите и начинот на вршење на надзор над непрописно запрени или паркирани возила и условите и начинот на блокирање, отстранување и преместување на непрописно запрени или паркирани возила, хаварисани и напуштени возила и чување на истите на подрачјето на Општина Неготино. Врз основа на горенаведеното издаден Ви е НАЛОГ ЗА НАПЛАТА во износ (F). Доколку го платите во рок од 5 дена, за истиот нема да се поведе понатамошна постапка за присилна наплата.
Уплата може да извршите да два начини:
- Електронски со пополнување на следната форма
- На жиро сметка со број: 210074843720145 НЛБ Банка АД Скопје и цел на дознака: плаќање по Налог за наплата бр.(да се наведе бројот на издадениот налог)
Рекламации и информации:
Понеделник - Петок од 08:00 до 16:00 часот
Во просториите на ЈП ПАРКИНГ Неготино ул. Маршал Тито бр. 1 Неготино

Од страна на овластено службено лице од организаторот на паркирањето ЈП ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО - Неготино, утврдено е дека вашето возило е неправилно/непрописно паркирано или нема валидна паркинг карта, па согласно подзаконите акти на јавното претпријатие, Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Неготино, Правилникот за условите и начинот за вршење надзор над непрописно запрени или паркирани возила и условите и начинот на блокирање, отстранување и преместување на непрописно запрени или паркирани возила на подрачјето на Општина Неготино и Одлуката за утврдување на тарифата на цени по зони, за организирање на зонско паркирање, издаден Ви е НАЛОГ ЗА НАПЛАТА со рок на плаќање од 5 дена. Доколку во утврдениот рок не го платите издадениот НАЛОГ ЗА НАПЛАТА ќе ви биде изготвена фактура и ќе биде започната постапка за присилна наплата која подразбира дополнителни трошоци за Вас. Налогот за наплата се издава и наплатува со цел овозможување на користење на јавните паркиралишта за сите корисници под еднакви услови.
Паркирајте совесно
Со почит!
ЈП ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО - Неготино
